Инструментот за претпристапна помош ИПА III е за програмскиот период 2021-2027 година. Европската Комисија го воведува овој инструмент со новата Финансиска перспектива на Европската Унија.

ИПА III се воведува со усвојување на Регулатива за воспоставување на Инструментот и Регулатива со правила и принципи за спроведување на ИПА III[1] од страна на Европската Унија кои се поврзуваат со останати фондови, програми и инструменти на унијата, а првенствено со Инструментот за соседство, развој и меѓународна соработка. ИПА III е поделена на 5 прозорци. Секој прозорец се состои од тематски приоритети и тоа:

Прозорец 1: Владеење на правото, фундаментални права и демократија Прозорец 2: Добро владеење, усогласување на законодавството, добрососедски односи и стратешка комуникација
  • Правосудство;
  • Борба против корупција;
  • Борба против организиран криминал;
  • Миграција и управување со граници;
  • Фундаментални права;
  • Демократија;
  • Граѓанско општество.
  • Добро владеење;
  • Административни капацитети и усогласување на националното законодавство со европското законодавство;
  • Добрососедски односи и помирување;
  • Стратешка комуникација, мониторинг, евалуација и комуникациски активности.
Прозорец 3: Зелена агенда и одржлива поврзаност Прозорец 4: Конкурентност и инклузивен раст
  • Животна средина и климатски промени;
  • Транспорт, дигитална економија и енергетика.
  • Образование, вработување, социјална заштита и инклузивни политики и здравство;
  • Развој на приватен сектор, трговија, истражување и иновации;
  • Земјоделство и рурален развој;
  • Рибарство.
Прозорец 5: Територијална и прекугранична соработка
Овој прозорец се состои од посебна листа на тематски приоритети дадени со анекс 2 на ИПА III регулативата[2]. Модалитетите на спроведување оваа компонента се преку: 

  • Прекугранична соработка со ИПА земјите;
  •  Учество во микро регионални стратегии.

ТАБЕЛА 1: Прозорци и тематски приоритети на ИПА III

Во ИПА III средствата нема да се распределуваат според одделни алокации наменети посебно за секоја држава. Од вкупните 14.162 милијарди евра државите ќе мораат да конкурираат со своите расположливи капацитети и проекти за добивање на дел од средствата. Сепак, се воведува и принципот на фер распределба за одреден баланс и рамномерна распределба на вкупните ИПА III средствата помеѓу државите кориснички.

Програмирањето на ИПА III се спроведува во две фази.

  • Проценка на релевантност. Во оваа фаза се изготвуваат сумарни Акциски фишеа со образложенија на предлог проектите на државата. Европската Комисија ги оценува овие фишеа од аспект на нивната релевантност.
  • Проценка на зрелост. Во оваа фаза се изготвуваат Акциски документи, само за оние проекти која ја поминале проценката на релевантност, по што целосно се образложуваат проектите.

ГРАФИКОН. Циклус за програмирање на ИПА III

Во текот на втората половина на 2020 година, секторските работни групи, под координација на Секретаријатот за европски прашања, развија и до Европската комисија доставија 22 акциски фишеа, од кои 10 за 2021 и 12 за 2022 година.

Акциски фишеа 2021
Име на акциското фише Индикативен буџет Сооднос на финансирање
ЕУ МК
1.    Судство и антикорупција 

2.    Граѓанско општество

3.    ЕУ за модерна администрација

4.   Добро владеење

5.    Интеграција во Европската унија

6.   Стандарди за животна средина

7.    ЕУ за чист воздух

8.   ЕУ за Преспа

9.   Подготовка на транспортни проекти

10. ЕУ за зелен раст

10 милиони евра 

3 милиони евра

10 милиони евра

9 милиони евра

5 милиони евра

12 милиони евра

14 милиони евра

23,7 милиони евра

9,5 милиони евра

27,5 милиони евра

85% 

/

100%

89%

100%

83%

86%

76%

100%

73%

15% 

/

0%

11%

0%

17%

14%

24%

0%

27%

Акциски фишеа 2022
Име на акциското фише Индикативен буџет Сооднос на финансирање
ЕУ МК
1.    Развој на приватниот сектор[3] 

2.    Борба против организираниот криминал

3.    Миграција и управување со границите

4.   Граѓанско општество

5.    Интеграција во Европската унија

6.   Програми на Унијата

7.    ЕУ за современи системи за отпадни води

8.   ЕУ за безбедни патишта

9.   ЕУ за вработување и еднакви можности

10. ЕУ за здравство

11.  ЕУ за олеснување на трговијата

12.  ЕУ за земјоделство

9,2 милиони евра 

5,2 милиони евра

7,8 милиони евра

3 милиони евра

10 милиони евра

15,4 милиони евра

53 милиони евра

20 милиони евра

6,6 милиони евра

5,9 милиони евра

8,1 милиони евра

6 милиони евра

87% 

88%

90%

/

100%

50%

50%

50%

91%

85%

72%

83%

13% 

12%

10%

/

0%

50%

50%

50%

9%

15%

28%

17%

ТАБЕЛА 2. Акциски фишеа за ИПА III за 2021 и 2022 година

Преземете ги најновите документи поврзани со ИПА III:

 

[1] Regulation of the European Parliament and of the Council establishing the Instrument for Pre-accession Assistance (IPA III) COM/2018/465 final.
[2] COM/2018/465
[3] Секторско фише со преостанати средства од првата компонента на ИПА I од 2012 и 2013 година