Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, на барање на Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, објави Јавен повик за учество на претставници на граѓанското општество (четири членови и нивни заменици) во Работната група за ИПА 3 2021-2027, сектор Конкурентност и иновации односно Процорец 4-Конкурентност и инклузивен раст, Тематски приоритет 2 – Развој на приватниот сектор, трговија, истражување и развој.

ИПА III е инструмент за претпристапна помош на Европската комисија за програмскиот период 2021-2027 година. Инструментот се воведува со секоја нова Финансиска перспектива на Европската Унија. Оваа генерација на ИПА се базира на научените лекции на претходните две генерации ИПА (2007-2013) и ИПА 2 (2014-2020). Република Северна Македонија во изминатите години беше и се уште е корисник на ИПА и ИПА II. ИПА III се воведува со усвојување на Регулатива за воспоставување на Инструментот и Регулатива со правила и принципи за спроведување на ИПА III од страна на Европската Унија. Според структурата, ИПА III е поделена на 5 прозорци и 17 тематски приоритети и тоа: Прозорец 1: Владеење на правото, фундаментални прваа и демократија; Прозорец 2: Добро владеење, усогласување на законодавството, добрососедски односи и стратешка комуникација; Прозорец 3: Зелена агенда и одржлива поврзаност; Прозорец 4: Конкурентност и инклузивен раст; Прозорец 5: Територијална и прекугранична соработка.

Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 25 март 2022 година. Повеќе информации за јавниот повик и условите за аплицирање прочитајте на следниов линк.

Преземете ја пријавата.

Сликата е преземена од: The Economic Times