Проектот “Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите” има за цел да овозможи суштинско и структурно учество на граѓанското општество, кое ги изразува ставовите на граѓаните, со цел да влијае на клучните секторски реформи во процесот на пристапување кон ЕУ.
Проектот започна со имплементација на 01.04.2019 година и ќе се имплементира до 31.03.2022 година. Проектот ќе се фокусира за исполнување на следните три цели:
1. Воспоставување на платформа која ќе го структурира учеството на граѓанските организации во процесот на консултации и одлучување поврзан со пристапувањето на земјата кон ЕУ
Со проектот ќе се постави платформа која ќе го структурира граѓанското учество во институционалните консултативни механизми, преку која ќе се зголеми достапноста на информации и поддршката на учеството во процесите на креирање јавни политики поврзани со пристапувањето кон ЕУ.
2. Зајакнување на формалните механизми за консултации со граѓанското општество
Воедно проектот цели кон зголемување на влијанието на граѓанското општество врз секторските реформи во процесот на пристапување кон ЕУ поради што ќе се работи на сите институционални механизми за консултации меѓу Владата и граѓанското општество.
3. Зголемување на влијанието на граѓанските општество во процесот на пристапување на земјата кон ЕУ
Проектот се залага за зголемување на влијанието на граѓанското општество врз политиките поврзани со пристапувањето кон ЕУ преку креирање на јавни политики базирани на докази, преку подготовка на документи за јавни политики (извештаи во сенка, policy briefs, position statements) за клучните секторски и реформски политики во процесот на пристапување кон ЕУ.
Проектни активности
Проектот ќе се имплементира преку групи на проектни интервенции/активности кои опфаќаат:
- Развивање на функционална веб платформа како централна точка за информации за граѓанските организации и институциите;
- Спроведување на истражување кое ќе го мери граѓанското вклучување и учество;
- Организација на настани и јавни консултации;
- Мониторинг на работата на секторските работни групи, преку изработка на анализи и извештаи;
- Подготовка на визуелизации на клучните заклучоци од работата на секторските работни групи со цел подобро информирање на граѓаните за процесот;
- Подготовка на видео материјали едукативни видеа, туториали и слично;
- Подготовка на декларација за транспарентност во процесот на преговори;
- Обезбедување на стриминг на седниците на Советот за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и граѓанскиот сектор;
- Организација на годишни конференции на тема учество на граѓанското општество во креирање и спроведување на секторски политики;
Со спроведувањето на проектните активности пред се’ се очекува да се зголеми обемот на достапни и релевантни информации за граѓаните поврзани со процесот на пристапување кон ЕУ, но и да се обезбеди подобра информираност и да се зголеми капацитетот за граѓанско учество во процесите за креирање политики. Преку проектните активности ќе се постави формализиран механизам за мрежно поврзување на граѓанското општество, зголемена транспарентност на работењето на институциите во процесот на пристапување кон ЕУ, но и активно учество на граѓанското општество во процесот на креирање и носење одлуки преку што ќе се обезбеди зголемено влијание од граѓанското општество врз политиките.