Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) отвори повик до граѓанските организации за учество во тематски работни групи за подготовка на новата Стратегија за Реформа на јавната администрација (2023-2030). 

За вклучување во тематските работни групи потребно е номинациите за членови да соодветствуваат на моменталните четири цели од Стратегијата за РЈА, односно претставниците од организациите да бидат номинирани во следните групи:

  • Развој на политики и координација;
  • Јавна служба и управување со човечки ресурси;
  • Одговорност, отчетност и транспарентност;
  • Давање услуги и ИКТ поддршка на администрацијата.

Дополнително,  граѓанските организации можат да номинираат и претставник за посебниот дел од Стратегијата за РЈА, односно за делот за Стратешката рамка за РЈА.

Организациите кои сакаат да номинираат свои претставници во работните групи да и исполнуваат следниве услови:

  • Постојат најмалку три години;
  • Имаат најмалку два проекти во областа на јавната администрација.

Номинација на членови во тематските работни групи може да се достави најдоцна до 22-ри април 2022 година, 16:00 часот, на srja@mioa.gov.mk со доставување на следните податоци:

  • Име и презиме;
  • Звање и работно место и назив на институцијата;
  • Контакт телефон и е-mail на номинираното/ите лице/а;
  • Копија од решението за регистрација на организацијата издадено од Централен регистар на РМ;
  • Портфолио на организацијата.

Целосниот повик можете да го прочитате на следниов линк.