На овој форум може да се коментира на темите кои се отворени од администраторот. Доколку имате предлог тема, како регистрирани корисници, ве замолуваме да ја предложите на администраторот за да може да ја постави и да ја отвори за коментари.

Со користењето на овој веб сајт и сите негови делови корисниците автоматски ги прифаќаат правилата кои се наведени подолу, и кои се во согласност со важечките правила и прописи.

dijalogkoneu.mk на регистрираните корисници им го обезбедува користењето на содржините на веб страната, а корисниците имаат право на нивно бесплатно користење доколку не ги кршат правилата и условите на користење. 

dijalogkoneu.mk  ги поседува авторските права на содржините креирани од нивна страна, базата на податоци, базата на организации и програмерскиот код. Неовластеното користење на било кој дел од порталот без дозвола на администраторот се смета за кршење на авторските права.

Доколку сметате дека dijalogkoneu.mk или некој од нејзините корисници ги има повредено Вашите авторски права, може да пријавите на cso.dialogue@fosm.mk. Случајот ќе биде разгледан веднаш, а спорната содржина ќе биде отстранета веднаш по евентуалното утврдување на вистинитоста на пријавата.

dijalogkoneu.mk ја штити приватноста на корисниците согласно важечките закони во Република Северна Македонија, како и во согласност со сите европски регулативи.

РЕГИСТРИРАЊЕ КОРИСНИЦИ

Со регистрирањето на овој портал корисниците се обврзуваат во процесот на регистрација да внесат точни податоци и да одберат корисничко име и лозинка по нивни избор. Секој индивидуалец има право на регистрирање и избор на корисничко име.

dijalogkoneu.mk не сноси одговорност за содржините кои ги објавуваат корисниците.

За сите содржини под корисничко име одговорен е исклучиво корисникот кој го користи. Сите мислења (и информации) објавени од членовите претставуваат лични ставови кои авторите ги објавуваат на сопствена одговорност.
По утврдување на оправданост на евентуална жалба, порталот dijalogkoneu.mk е должен во разумен рок да ги отстрани содржините на корисниците кои не се во склад со важечките закони или ги прекршуваат правилата и условите на користење.

Модераторите и администраторите на форумот го задржуваат целосно правото без претходна најава да ги избришат сите информации приложени на форумот од страна на регистрираните членови со кои се кршат правилата. Тоа вклучува секакви содржини објавени на форумот, галеријата, информации за корисникот, аватари, потписи, па дури и целото корисничко име – доколку тие одлучат дека тоа е потребно.

Официјален јазик на форумот е македонскиот, а препорачливо е користење на кирилица. Сите пораки напишани на странски јазик ќе бидат избришани, а членовите ќе бидат опоменати дека ги прекршуваат правилата.

Сите прашања во врска со форумот, правилата, ваши предлози, критики и сугестии може да ги напишете на контакт маилот  cso.dialogue@fosm.mk каде ќе добиете одговор во најскоро можно време.

Корисниците се должни да ги чуваат одговорно нивните кориснички налози и лозинки. Администраторите не може да се сметаат за одговорна за неовластено користење на корисничките налози од страна на трети лица, ниту за евентуалната штета на корисникот настаната на тој начин.