Проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ Интеграциите“ на 21 и 22 септември 2021 година организира обука за граѓанските организации, предвидена за зголемување на знаењето и потребни вештини за вклучување во процесите на евроинтеграции.

Цели на обуката:

1. Зголемување на достапноста на информации и поддршката на учеството во процесите на креирање јавни политики поврзани со пристапувањето кон ЕУ;

2. Создавање на претпоставки за квалитетно вклучување на поширок спектар на граѓански организации во институционални механизми за консултации;

3. Зголемување на влијанието на граѓанските општество во процесот на пристапување на земјата кон ЕУ преку учество во секторски реформи и пристапните преговори.
Обуката е наменета за:

  • Претставници и потенцијални претставници на граѓанските организации кои имаат потреба од специфични вештини и информации со кои ќе можат конкретно да го искористат своето учество во консултативен механизам; како и за,
  • Помалите и грасрутс граѓански организации на кои им е потребно охрабрување да се вклучат во реформите на јавните политики, консултациите со националните институции и европската комисија.

Предвидено е обуката да се одвива во живо на отворен простор со времетраење од вкупно 2 дена, со примена на владиниот Протоколот за организација на работни состаноци, обуки, курсеви и семинари (линк). Согласно тековната епидемиолошката состојба, доколку моменталните  условите во предвидените денови не овозможуваат реализација на обуката во живо, истата би се префрлила на онлајн платформа.

За учество на оваа обука, ќе бидат селектирани 15-тина претставници од граѓанските организации во земјата. Обуката е планирано да се одвива во Скопје, а за учесниците од други места се обезбедува покривање на патни трошоци и сместување.

Сите заинтересирани кои сакаат да земат учество на оваа обука треба да ја пополнат следната ПРИЈАВА најдоцна до понеделник, 15 септември 2021 година.

Проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите“ е одобрен и финансиран од Делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија, а го спроведува Фондација Отворено општество – Македонија, во партнерство со Евротинк – Центар за Европски стратегии, Центар за граѓански комуникации и Реактор – Истражување во акција.