Целта на истражувањето Социо-економските мерки во угостителскиот сектор во време на пандемијата Ковид-19“ од авторката Ива Михајловска е да се идентификува и да се процени соодветноста на мерките донесени од Владата на РСМ за време на вонредната состојба во услови на Ковид-19 врз угостителско-туристичкиот сектор. Резултатите од истражувањето имаат за цел да се обезбедат повеќе информации, да се зајакнат капацитетите на граѓанските организации да учествуваат во следењето на социо-економските политики во услови на кризата предизвикана поради вирусот Ковид-19 и да го зајакнат и промовираат структурниот дијалог меѓу институциите и граѓанскиот сектор.

Посебен фокус во рамките на истражувањето е транспарентноста на мерките донесени за угостителско-туристичкиот сектор, релевантноста на донесените мерки, како и ефектите од тие мерки. Истражувачкиот тим го измери и степенот на учеството на граѓанските организации, синдикатите и бизнис-секторот во креирањето на социо- економските политики во услови на криза.

Студијата е достапна тука.

Студија на случај „Угостителскиот сектор во општина центар и кризата со Ковид-19 – регион Скопје“ од авторката Диана Миленковска има за цел да ги оцени ефектите и искористеноста на мерките донесени од страна на Владата, во услови на пандемија со Ковид-19, за помош на угостителскиот сектор, како еден од најзасегнатите и клучни сектори во економијата, во периодот март-декември 2020 година во Општина Центар, Скопје. Спроведени се осум (8) длабински интервјуа со претприемачи (сопственици/менаџери на кафетерии и ресторани) на територијата на Општина Центар, со претходно изготвен водич за дискусија.

Студијата е достапна тука.