24 ноември, 2021 – Проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите“ организираше онлајн секторски консултации за првиот кластер „Темели на пристапниот процес“. Целта на консултациите во кои учествуваа над 30 претставници на граѓанските организации беше на структуриран начин да се дадат препораки од граѓанските организации во однос на последниот извештај на Европската Комисија за напредокот на земјата за 2021 година. Во текот на консултациите граѓанските организации беа поделени во пет групи, согласно нивното поле на делување, дискутираа за клучните проблеми и даваа предлози кои треба да придонесат кон ревидирањето на планот Европа дома. 

Предлог препораките на чие дефинирање се дискутираше се однесуваа на следните теми:

  • Демократија (избори, собрание, владеење, граѓанско општество) и реформа на јавната администрација;
  • Функционирање на правосудството;
  • Борба против корупција;
  • Фундаментални права и правда, слобода и безбедност и граѓански надзор врз безбедносниот/разузнавачкиот сектор;
  • Економски развој и конкурентност, јавни набавки, статистика и финансиска контрола.

Секторските консултации беа заокружени со презентација на препораките од групите и утврдување на следни чекори на граѓанските организации во насока на подобрена и суштинска вклученост на граѓанските организации во секторските работни групи и дебатата за евроинтеграциите.