Проектот „Дијалог со граѓанските организации–Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите“ организира он лајн секторски консултации за првиот кластер „Темели на пристапниот процес“ на 24ти ноември од 12.30 до 14.30 часот. Целта на консултациите е на структуриран начин да се дадат препораки од граѓанските организации во однос на последниот извештај на Европската Комисија за напредокот на земјата за 2021 година. Предвидено е преку дадените среднорочни препораки да се придонесе кон ревидирањето на планот Европа дома. 

Воведни информации за целите на консултациите ќе даде Нада Нумовска од Фондација Отворено општество–Македонија по што ќе следува дискусија за предлог препораки до институциите во однос на кластерот 1 Темели на пристапниот процес. Граѓанските организации ќе работот во пет одделни групи со следните теми:

  • Демократија (избори, собрание, владеење, граѓанско општество) и реформа на јавната администрација
  • Функционирање на правосудството
  • Борба против корупција
  • Фундаментални права и правда, слобода и безбедност и граѓански надзор врз безбедносниот/разузнавачкиот сектор
  • Економски развој и конкурентност, јавни набавки, статистика и финансиска контрола

Секторските консултации ќе бидат заокружени со презентација на препораките од групите и утврдување на следни чекори.