Во рамките на проектот Дијалог со граѓанските организации-Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите“ е изготвен Водич за институционални механизми за учество на граѓански организации во креирањето јавни политики поврзани со интеграциите во Европската Унија.

Овој  Водич има цел да ги претстави можностите за вклучување на граѓанските организации во процесот на европската интеграција. Водичот дава преглед на институциите на ЕУ и нивните надлежности, структурата и политките на ЕУ и моментните приоритети, нуди информации за процесот на европската интеграција на РС Македонија и начините на кои граѓанските организации се вклучени во тој процес, потоа дава детален опис на механизмите за учество на граѓанските организации во градењето јавни политики во РС Македонија како и можностите за регионално вмрежување. Водичот воедно содржи и предлози за соодветни алатки, механизми и начини за вклучување на граѓанските организации во креирање јавни политики; презентира добри практики, од организации, институции и иницијативи во РС Македонија, регионот и ЕУ и разгледува можности за поголемо влучување на граѓанските организации во евроинтегративните процеси.

Потребата од овој Водич, кој е изготвен од Ивана Петровска, произлегува од важната улога која ја имаат граѓанските организации во процесот на пристапување кон ЕУ. Тие треба да ги промовираат европските вредности пред граѓаните, да ги истакнуваат придобивките од членство во ЕУ и преку соработка со други граѓански организации од ЕУ го помагаат процесот на европска интеграција.

Водичот е достапен на следниот ЛИНК.