Во рамките на Проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите“ на 25 јануари (вторник) од 12.30 до 14.30 часот ќе се одржат онлајнсекторски консултации со граѓанските организации. Целта на консултациите е на структуриран начин да се дадат препораки од граѓанските организации во однос на последниот извештај за 2021 на Европската Комисија. Консултациите се однесуваат на напредокот на РСМ за следниве сектори:

  • Образование социјална политика и вработување 
  • Животна средина и климатски промени
  • Земјоделство и рурален развој.

Предвидено е преку среднорочни препораки да се даде придонес кон ревидирањето на планот Европа дома.

Секторските консултации со граѓански организации ќе бидат организирани онлајн, на веб-платформата ZOOM, на следниот ЛИНК.