На 13.12.2021 (понеделник), со почеток во 10 часот ќе биде одржана Регионална консултација со граѓански организации „Граѓанското општество и дијалогот на јавни политики за реформска агенда на ЕУ“, во рамките на проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ-интеграциите“.

Консултациите ќе бидат фокусирани на дијалогот на јавни политики, реформите за пристапување во ЕУ на Западен Балкан и зајакнување на вклученоста на граѓанските организации. Воведно обраќање на Регионалната консултација ќе имаат Фани Каранфилова Пановска извршна директорка на Фондацијата Отворено општество – Македонија и Штефан Худолин Раководител за соработка во Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија

Панелисти на консултацијата се Калинка Габер Државен секретар, Секретаријат за европски прашања на Северна Македонија, Стивен Блокманс Директор за истражување, Центар за европски политички студии, Брисел, Ѓерѓи Вурмо Програмски директор, Институт за демократија и медијација, Албанија и Андреја Стојковски Извршен директор, Преспа Институт, Северна Македонија. Во текот на панелот се очекува да бидат понудени одговорите на следните прашања:

  • Која поставеност на политичкиот дијалог во државите на Западен Балкан може да ги забрза реформите поврзани со пристапувањето во ЕУ?
  • Како да се создаде симетричен дијалог за ГО во соработка со државните и актерите на ЕУ, при поставување приоритети на помошта на ЕУ за реформска агенда во Западен Балкан.

Целта на настанот е да се иницира размена на идеи меѓу учесниците,пронаоѓање на поврзаност и создавање можности за зголемена моќ на граѓанското општество во политичкиот дијалог. Регионалната консултација со граѓански организации ќе биде организирана онлајн, на веб-платформата ZOOM, на следниот ЛИНК.