На 6.12.2021 со почеток во 13 часот ќе биде одржана онлајн конференција на која ќе се промовираат и дискутираат наодите од националното истражување „Граѓанското учество и ЕУ-перспективи: Анализа на јавното мислење со граѓани и граѓански организации“.

На настанот, кој се организира во рамките на проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ-интеграциите“ ќе бидат промовирани податоци од два циклуса на анкетни истражувања, кои беа спроведени во 2020 и 2021 година. Воедно, ќе се направи анализа и ќе се утврдат одредени трендови на клучните наоди oд националното истражување со граѓани и од истражувањето со граѓанските организации.  

На конференцијата Граѓанското учество и личното чувство за придонес во пристапувањето кон ЕУ во подем – Ќе се искористи ли човечкиот капитал за подобро утре? воведно обраќање ќе имаат Сандра Анастасовска  од Фондацијата Отворено општество – Македонија и Ирена Иванова  од Делегацијата на Европската Унија.  Наодите од анкетните истражувања ќе ги презентираат Тања Иванова и Блажен Малески од Реактор – Истражување во акција. На настанот свој осврт ќе дадат и претставници на граѓански организации, Гоце Коцевски од Македонско здружение на млади правници, Виктор Митевски од Здружението за истражување и анализи – ЗМАИ и Горан Лазаров од Фондацијата Отворено општество – Македонија со фокус на темите за граѓанските организации и механизмите за учество во време на Ковид-19, граѓанското дејствување во заедниците со можност и одговорност да се влијае и граѓанското учество и ЕУ-перспективите.

Настанот е отворен за граѓаните, граѓански организации и медиуми и ќе биде организирана онлајн, на веб-платформата ZOOM, на следниот ЛИНК.