Целта на истражувањето Здравје во време на пандемија: влијание на мерките на Владата на Република Северна Македонија за справување со КОВИД-19 врз секторот здравство е да ги идентификува и да ја процени соодветноста на мерките донесени од страна на Владата на РСМ за време на вонредната состојба во услови на КОВИД-19, како и да го утврди нивното влијание, на национално ниво, во секторот здравство во периодот март-ноември 2020 година. Мерките на Владата на РСМ се менуваа на дневно или на неделно ниво, додека истовремено бројката на новозаразени континуирано се зголемуваше. Со зголемениот број случаи на лица заразени со КОВИД-19 и широката распространетост на вирусот, се создаде притисок врз системот за здравствена заштита и можноста да одговори на потребите на граѓаните. Најголем дел од ресурсите на здравствениот систем се насочени кон справување со последиците од КОВИД-19, што резултира со намалување или со целосно прекинување со одредени превентивни и куративни здравствени мерки, што влијае врз здравјето на граѓаните. Секој четврти испитаник, според истражувањето за ставовите на граѓаните во врска со КОВИД-19, ги одложил лекарските прегледи и посетите кај доктор поради пандемијата.

Студијата е достапна тука.

Целта на Студијата на случај: ефектите на усвоените мерки на национално ниво во услови на ковид-19 и нивното влијание врз секторот здравство на локално ниво е да се оцени влијанието на донесените здравствени мерки за заштита и превенција од КОВИД-19 врз ромската заедница, постоењето услови за почитување на овие мерки и колку истите се применливи за оваа заедница. Дополнително, истражувањето треба да покаже дали и на каков начин ромската заедница во Прилеп се соочила со проблеми во остварувањето на здравствената заштита во дијагностиката и третманот на КОВИД-19. Дополнително, истражувањето утврдува дали ромската заедница во Прилеп беше консултирана при креирањето на локалните политики од страна на локалните власти за превенција и заштита од КОВИД-19, на кој начин и во која мера.

Студијата е достапна тука.