Студијата за влијанието на мерките на Владата на Република Северна Македонија за справување со КОВИД-19 врз секторот образование од авторот Артан Лимани има за цел да ги идентификува мерките донесени од Владата на РСМ за време на вонредната состојба и да ја процени нивната соодветност во услови на КОВИД-19, како и да го определи нивното влијание врз образовниот сектор на национално ниво и да ги поддржи истражувачите и граѓанските организации кои работат на локално и на национално ниво. Исто така, истражувањето има за цел да обезбеди повеќе информации базирани на докази и да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации да учествуваат во секторските политики во услови на криза предизвикана од вирусот КОВИД-19, како и да го зајакне и промовира структурниот дијалог меѓу институциите и граѓанскиот сектор.

Студијата е достапна на следниот линк.

Локалната студија на случај – средно општинско училиште Гостивар од авторот Борјан Ѓузелов има за цел да прикаже како се одвива онлајн наставата на далечина во Средното општинско училиште – Гостивар од перспектива на учениците и професорите. Со ваквиот пристап оваа локална студија на случај обезбедува додадена вредност на националната студија и придонесува кон подетален приказ на клучните предизвици во наставниот процес во текот на пандемијата. Студијата не само што ги исцртува контурите на главните проблеми и предизвици на онлајн наставата, туку исто така става акцент и досега релативно занемарените, позитивни аспекти од онлајн наставата.

Студијата е достапна на следниот линк.