Европската Комисија спроведува анкета за Eвалуацијата на поддршката на Европската Унија за Северна Македонија, за потребите на Европската комисија и Генералниот директорат за соседство и политика на проширување, спроведувана од Екорис од Холандија.  

Анкетата има за цел да ги собере ставовите и искуствата на граѓанските организации (ГО) во врска со севкупниот пристап и поддршка на ЕУ за пристапниот процес на Северна Македонија во периодот 2014-2020 година. 

Времето потребно за пополнување на прашалникот е не повеќе од 15 минути.

Информациите добиени преку анкетата ќе се користат само за целите на евалуацијата, нема да се споделуваат со трети страни. Ве молиме имајте предвид дека сите дадени податоци ќе се чуваат безбедно и доверливи, а ниту една IP адреса нема да се чува или следи. Затоа, ве молиме слободно искажете ги своите ставови. 

Краен рок за негово пополнување е 22 октомври 2021 година (петок).  

Прашалникот може да се пополни на англиски или македонски јазик, на следните линкови: 

Страница за избор на јазик (Англиски или македонски)  https://s.chkmkt.com/?e=244502&h=CFCBBFA0C9663E8

Англиски: https://s.chkmkt.com/?e=244502&h=CFCBBFA0C9663E8&l=en

Македонски: https://s.chkmkt.com/?e=244502&h=CFCBBFA0C9663E8&l=mk