Во рамките на проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите“, на (23.09.2021) започна анкетирањето на граѓанските организации за проценка на учеството на граѓанското општество во процесите во нашата земја.

Прашалникот содржи прашања кои имаат за цел да го измерат учеството на граѓанските организации, синдикатите, коморите и другите видови на граѓанско организирање во процесите за креирање на политики и активности на државните органи. Крајната цел на истражувањето е преку стекнатите информации и сознанија да се влијане на унапредување на позицијата на граѓанските организации во општеството.

Учество во истражувањето е доброволно, добиените податоци ќе бидат прикажани во агрегатна форма, што ја гарантира анонимност на организациите.

За да пристапите до прашалникот и да го кажете вашето мислење кликнете на следниов линк.