Проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите“ објавува повик за изработка на документи за јавни политики. 

Секторските политики и тематски области опфатени со овој повик, може да се најде на следниот линк: Секторски политики и тематски области 

Во рамките на повикот можат да бидат поддржани и анализи на секторските политики кои ќе резултираат со документ за јавни политики кој би вклучувал:  

  • Преглед на моменталната состојба со политиките во еден од секторите, 
  • Степен на имплементација на една или повеќе секторски политики,  
  • Идентификување на клучни предизвици и насоки за подобрување на секторските политики или конкретни тематски области. 

Сите заинтересирани истражувачи, тимови на истражувачи или организации потребно е да приложат кратка биографија и пријава: формулар за пријава  

Крајниот рок за поднесување на бараните документи е 5 септември 2021 година.  

Сите информации за повикот можете да ги најдете на следниот линк: Повик за изработка на документи за јавни политики 

Во рамки на проектот се објавени повеќе документи за јавни политики кои опфаќаат теми и области поврзани со влијанието на граѓаните и граѓанскиот сектор на клучните секторски реформи во процесот на пристапување кон ЕУ. Документите можат да се најдат на следниот линк: Документи за јавни политики.   

Сите заинтересирани истражувачи, тимови на истражувачи или организации потребно е да приложат кратка биографија и пријавата од прилогот на електронската пошта cso.dialogue@fosm.mk (со назнака: Повик за изработка на документи за јавни политики). 

Доколку имате дополнителни прашања во врска со повикот, Ве молиме контактирајте нѐ на електронската пошта: cso.dialogue@fosm.mk

Проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите“ го имплементираат Фондација Отворена општество – Македонија, ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии, Центар за граѓански комуникации и Реактор – Истражување во акција.