Проектот “Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите” изготви видео кое треба да ја подобри информираноста на граѓанските организации за секторските работни групи.

Видеото нуди одговор на прашањата што се секторските работни групи, зошто се тие важни, како се одредува нивното тематско групирање, кој членува во секторските работни групи и како во нивната работа да се вклучат и граѓанските организации кои не се членките на секторските работни групи.

Потребата од поголемо познавање и следење на секторските работни групи произлегува оттаму што преку нив се овозможува поефикасна координација во креирањето на политиките и планирањето на средствата за претпристапна помош од Европската Унија. Во 2020 година дури 81% од граѓаните сметале дека нашата држава ќе има корист доколку станеме членка на Европската Унија. Но процесот на пристапување низ кој треба да помине државата е проследен со значајни политички и општествени промени. За таа цел ЕУ ги става на располагање средствата за предпристапна помош со кој предвидува секторски пристап кон планирањето и реализацијата на средствата.  За повеќе информации погледнете го видеото.

Информации поврзани со секторските работни групи и контаките од граѓанските организации кои се вклучени во нивното работење можете да ги добиете и на нашата веб страна – dijalogkoneu.mk