На 30 Октомври 2019 година се одржаа редовни средби за Секторските комитети за следење, и тоа:

  • 14та средба на секторскиот комитети за следење на Помош при транзиција и градење на институциите (ТАИБ)
  • 3та средба на секторскиот комитет за следење на Владеење на правото и основните човекови права
  • Прва (основачка) средба за секторскиот комитет за следење на Демократија и владеење
  • 3та средба на секторкиот комитет за следење на Компетитивност, иновации и Земјоделство и рурален развој
  • Прва (основачка) средба за секторскиот комитет за следење на Образование и вработување

На овие среди претседавачи беа високите претставници на корисниците на ИПА, односно министрите и заменици министри од соодветните линиски министерства. Европската Комисија преку свој претставник ко-претседаваше со овие состаноци.

На овие состаноци се дискутираше за досегашната посветеност и успешност на министерствата при имплементацијата на проектите од Претпристапната помош (ИПА 2), како и предизвиците со кои се соочуваат при секојдневната работа на овие проекти. Соодветно од потребата и заинтересираноста, на состаноците беа присутни и граѓански организации. Дел од присутните граѓански организации беа членови на секторските комитети за следење, додека други беа монитори на политиките и дискусијата на овие состаноци.

ЗА СЕКТОРСКИТЕ МОНИТОРИНГ КОМИТЕТИ

ИПА Секторските комитети за следење се тела основани во согласност со член 19 од ЕУ Регулативата Бр. 447/2014 и со член 53 од Рамковна спогодба склучена меѓу Европската Комисија и Република Северна Македонија за постапките за спроведување на финансиската помош од Унијата за Република Македонија во рамките на спроведувањето на помошта според инструментот за претпристапна помош (ИПА II).

Комитетите се формирани или се формираат според областа на политиката или програмата, вклучувајќи и на секторско ниво каде што е соодветно. Целта на овие секторски мониторинг комитети е да ја разгледуваат ефективноста, ефикасноста, квалитетот, доследноста, координацијата и усогласеноста на спроведувањето на соодветните национални и регионални секторски стратегии. Се мери напредокот во однос на постигнување на целите на акциите и нивните очекувани исходи, резултати и влијанието преку индикатори поврзани со основната ситуација, како и напредокот во однос на финансиското извршување.

Членовите на секторските комитети за следење се претставници на соодветните национални органи и тела, други засегнати страни, како што се економски, социјални и еколошки партнери и, каде што е соодветно, меѓународни организации, вклучувајќи ги и меѓународните финансиски институции. Претставниците на засегнатите страни се  избираат во согласност со правилата и критериумите утврдени во деловникот за работа.