Ова е секторска работна група со надлежности во три потсектори:
(1) Организиран криминал, со областите:
- Реформи на полицијата;
- понатамошна професионализација и деполитизација на полицијата;
- Капацитети на пограничната полиција да ја одржи националната безбедност против транснационалниот криминал, нелегалната миграција, трговија со дрога, огнено оружје, стоки и луѓе, како и заканите поврзани со тероризам.
(2) Финансиски истраги, со областите:
- Подобрување на ефективноста и транспарентноста на специјалните истражни мерки, проактивна истрага на организираниот криминал вклучувајќи финансиски истраги, контрола и надзор на националниот разузнавачки модел;
- Имплементација на реформата на системот за кривичната правда.
(3) Информациска технологија (ИТ), со областите:
- Борба со онлајн дезинформации;
- Лажни вести, и;
- Дигитална доверба.
Секторската работна група е формирана во 2017 година.
Одговорни институции:
- Министерство за внатрешни работи.
- Секретаријат за европски прашања.
Покрај државните чинители и донаторските претставници, граѓанските организации учествуваат во работата на оваа секторската работна група од 2018 година.
Внатрешни работи е една од двете секторски работни групи од секторот Владеење на право и темелни права (линк за повеќе информации)