Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор утре (24.09.2020) ќе ја одржи 23 седница. На седницата ќе се избираат преставници на граѓанскиот сектор во зедничките работни групи за програмите за прекугранична соработка во рамиките на ИПА 3 (2021-2027). За учество во работните групи претставниците на граѓанските организации се пријави по пат на јавен оглас.
Заедничките работни групи се тела составени од претставници на национални институции, министерства, регионални центри за развој, бизнис и граѓански сектор, со одговорност за носење на одлуки во процесот на програмирање на ИПА 3 програмите за прекугранична соработка 2021-2027:
-Програма за прекугранична соработка Република Северна Македонија-Република Албанија 2021-2027 во рамки на ИПА 3;
-Програма за прекугранична соработка Република Северна Македонија –Република Косово 2021-2027 во рамки на ИПА 3;
-Програма за прекугранична соработка Република Северна Македонија –Република Србија 2021-2027 во рамки на ИПА 3;
-ИНТЕРРЕГ ИПА 3 Програма за прекугранична соработка Република Северна Македонија –Република Бугарија 2021-2027 и
-ИНТЕРРЕГ ИПА 3 Програма за прекугранична соработка Република Северна Македонија –Република Грција 2021-2027.
Заедничките работни групи имаат обврска да обезбедат ефективност и квалитативно стратешко планирање и програмирање за имплементација на програмата за прекугранична соработка во иднина за периодот 2021-2027 година.