Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество (Советот) е советодавно тело на Владата за унапредување на соработката, дијалогот и поттикнување на развојот на граѓанскиот сектор во Република Северна Македонија.

Работата на Советот се однесува на :

  • Следење и анализа на јавната политика и процесите за креирање на јавните политики кои се однесуваат или влијаат на граѓанскиот сектор;
  • Иницирање измени и дополнувања на постојните прописи;
  • Унапредување на соработката и градењето на партнерски односи на ГО со Владата;
  • Учество во креирањето и следењето на реализацијата на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор и Акцискиот план за спроведувањето на Стратегијата;
  • Предлагање на приоритети за финансирање на активности на организациите од Буџетот на Република Северна Македонија; како и
  • Други прашања од негова надлежност.

Советот првично е основан со Одлуката за формирање на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанскиот сектор (Службен весник на РМ бр. 98/2016). Непосредно по објавата на одлуката, во мај 2017 година, вкупно 89 граѓански организации се организираа во сопствена иницијатива и упатија јавна реакција до Владата на Република Македонија во која побараа да се запре процесот за избор на претставници од граѓанското општество во Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор. При тоа се бара да се направат измени и дополнувања на донесената Одлука, како и отворање на консултативен процес со претставниците на граѓанските организации, при што  различните мислења и ставови за Советот ќе бидат земени предвид и усогласени.

Главните принципи за кои се застапуваат граѓанските организации во оваа иницијатива се:

  • Транспарентност на процесот на подготовка и усвојување на Одлуката за основање на Советот;
  • Мнозинска застапеност предвидена за граѓанските организации,
  • Репрезентативно ниво на државните службеници во Советот
  • Постапката и начинот за спроведување на изборот на членовите на Советот од редот на граѓанските организации да не ги исклучува истите.

Врз основа на овие принципи во 2017 година започнуваа процес на консултации во кои се вклучуваат носителите на иницијативата во која учествуваа 89 граѓански организации од претходната година, што резултира со донесување на Одлуката за изменување и дополнување одлуката за формирање на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество (Службен весник на РМ бр. 165/2017).

Преку постапката за избор утврдена со Одлуката, како и вклучување на претставници на граѓанските организации во истата, беа избрани членовите на Советот од редот на граѓанските организации.

Советот е составен од 31 член од кои 16 членови се назначени по предлог на граѓанските организации регистрирани согласно Законот за здруженија у фондации, преку јавен повик и тоа со по еден претставник во секоја од следните области:

  • Развој на граѓанскиот сектор;
  • Демократија и владеење на правото;
  • Промоција и заштита на човековите права и антидискриминација;
  • Економски и одржлив развој;
  • Наука, образование и доживотно учење;
  • Млади;
  • Социјална заштитана деца;
  • Заштита на маргинализираните лица;
  • Родова еднаквост;
  • Заштита на здравјето;
  • Земјоделство и рурален развој;
  • Култура;
  • Медиуми и информатичко општество;
  • Заштита на животната средина;
  • Спорт, и
  • ЕУ интеграции и политики.

Конститутивната седница на советот се одржа на 16 април 2018 година. 

Следни седници