Државите-членки мора да ги отстранат, со некои исклучоци, сите ограничувања за движење на капиталот во рамките на ЕУ, помеѓу државите-членки и трети држави.
Поглавјето 4 се состои од правила што се однесуваат на прекугранични плаќања и извршување на налози за трансфер на хартиите од вредност. Директивата за борба против перење пари и финансирање на тероризам бара од банките и другите економски оператори, да ги идентификуваат клиентите и да известуваат за одредени трансакции. Особено кога се работи за предмети со висока вредност и со големи трансакции во готовина.
Клучен услов за борба против финансискиот криминал е создавање на ефективен административен и извршен капацитет, вклучително и соработка помеѓу супервизорите, спроведувачите на законот и обвинителските органи.