Законодавството за рибарство се состои од прописи, кои не се очекува да се транспонираат во националното законодавство. Сепак, потребно е воведување на мерки за подготовка на администрацијата и операторите за учество во заедничката риболовна политика, која опфаќа пазарна политика, управување со ресурси и флота, инспекција и контрола, структурни активности и контрола на државната помош.
Во некои случаи, потребно е усогласување на постојните договори за риболов и конвенциите со трети држави или со меѓународни организации.