Поглавјето 20 има за цел да промовира индустриски стратегии за зајакнување на конкурентноста и иновациите преку забрзување на прилагодувањето кон структурните промени и поттикнување на поволно деловно опкружување ширум ЕУ. Намената на јавните политики од ова поглавје е поттикње на зголемени домашните и странскиинвестиции и подобрување на целокупното деловно опкружување во кое работат малите и средни претпријатија (МСП).
Ова поглавје содржи дел во однос на приватизацијата и преструктуирањето (надополнувајќи се со Поглавјето 8 – Политика на конкуренција), а најголемиот дел го сочинуваат принципите на индустриската политика на ЕУ.
Форумите за консултации на ЕУ, програмите на Заедницата, како и препораките иразмените на најдобри практики во врска со МСП, имаат за цел да ја подобрат формулацијата и координацијата на политиките за претпријатијата во внатрешниот пазар. Спроведувањето на политиките за претпријатија и индустриска сопственост подразбира поседување на соодветен административен капацитет на национално, регионално и локално ниво.