Поглавјето 7 содржи усогласени правила за примена на авторските и сродните права, како и правата од индустриска сопственост.
Законодавството за права на интелектуална сопственост специфицира усогласени правила за правна заштита на авторските и сродните права. Посебни одредби се применуваат за заштита на бази на податоци, компјутерски програми, топографии на полупроводници, сателитско емитување и пренасочување на кабли.
Во областа на правата од индустриска сопственост, законодавството на ЕУ утврдува усогласени правила за правна заштита на трговските марки и дизајни. Други специфични одредби се применуваат за биотехнолошки пронајдоци, лекови и производи за заштита на растенија. Законодавството од оваа област, исто така, утврдува трговска марка на Заедницата и дизајн на Заедницата.
Потребни се соодветни механизми, особено ефикасен капацитет за спроведување на политиките за право на интелектуална сопственост на национално ниво.