Поглавјето 30 главно се состои од директно обврзувачко законодавство кое не се очекува да биде транспонирано во националното законодавство. Ова поглавје произлегува од мултилатералните и билатералните трговски обврски на ЕУ, како и од голем број на автономни преференцијални трговски мерки.
Во областа на хуманитарната помош и развојната политика, државите-членки треба да ги почитуваат законодавството на ЕУ и меѓународните обврски, како и да обезбедат капацитет за учество во развојните и хуманитарните политики на ЕУ.
Државите членки од државите во пристапувањето очекуваат тие прогресивно да ги усогласат своите политики кон трети држави, како и сопствените позиции во меѓународните организации со политиките и позициите донесени од страна на Унијата и државите членки.