Поглавјето 10 се состои од специфични правила за електронски комуникации, услуги за информатичко општество, особено електронска трговија, услуги со условен пристап и аудио-визуелни услуги.
Во областа на електронските комуникации, законодавството на ЕУ има за цел да ги отстрани пречките за ефикасно функционирање на внатрешниот пазар во телекомуникациски услуги и мрежи, да ја промовира конкуренцијата и да ги заштити интересите на потрошувачите во овој сектор, вклучително и универзална достапност на современи услуги.
Што се однесува пак до аудио-визуелната политика, според законодавството на ЕУ, потребно е усогласување со Директивата Телевизија без граници”, што создава услови за слободно движење на телевизиските емисии во рамките на ЕУ. Правото на Европската Унија има за цел воспоставување на транспарентна, предвидлива и ефективна регулаторна рамка за јавна и приватна радиодифузија која е во согласност со европските стандарди. Исто така, потребен е капацитет за учество во програмите на заедницата ”Mедиа Плус” и”Медиа тренинг”.