Ова поглавје ги опфаќа институционалните и процедуралните правила на ЕУ. Кога една држава станува членка на ЕУ, потребно е да се направат адаптации на постоечките правила во ЕУ, за да се обезбеди еднаква застапеност на таа држава во институциите на ЕУ (Европски парламент, Совет, Комисија, Суд на правдата), како и во останатите тела. Адаптациите имаат за цел да се обезбеди натамошно ефикасно функционирање на процедурите при донесување одлуки (како право на глас, службени јазици и други процедурални правила),како и учество на изборите за Европскиот парламент.
Правилата на ЕУ во поглавјето 34 не влијаат врз внатрешната организација на државата-членка,
Државите-членки треба да обезбедат нивно целосно учество во донесувањето одлуки на ниво на ЕУ, преку поставување на соодветни тела и механизми на национално ниво, какои со процедури за избирање и назначување на претставници во институциите на ЕУ.
По завршувањето на преговорите за пристапување, специфичните правила од привремениот период до пристапувањето обезбедуваат непречена интеграција на државата во структурите на ЕУ. По потпишувањето на Договорот за пристапување, на државата која пристапува и се дава статус на активен набљудувач во Европскиот парламент и Совет, како и во комитетите на Комисијата.