Во тек е 19 дописна седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор. На дневен ред на седницата се 4 точки:

  • Извештај за работа на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор во 2019 година,
  • Извештај за спроведените мерки и активности од Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор (2018-2020) во 2019 година,
  • Записник од спроведениот консултативен процес со здруженијата и фондациите од страна на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор по текстот на „Анализата на финансиската поддршка на здруженијата и фондациите од Буџетот на Република Северна Македонија (од 2017г. до првата половина на 2019г.) со компаративна анализа на моделите за државно финансирање од другите земји и предлог-модел на Фонд за институционална поддршка на граѓанските организации и ко-финансирање на ЕУ проектите во РСМ“
  • Тематски приоритети на грантисти на Цивика мобилитас (по Платформи за соработка) (за информирање/на барање на Министерството за труд и социјална политика)

Сите материјали по точките за кои треба да се изјаснат членовите на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор се достапни на овој линк

Членовите на Советот ќе треба да се изјаснат за посочените точки по електронски пат од 11 часот денеска (26 март 2020 г.) до 11 часот утре.