Секретаријатот за европски прашања ќе организира онлајн консултација со граѓанските организации за Нацрт-Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА) 2021-2025 година на 29 април 2021 (четврток) од 10:00 до 13:00 часот. Во поканата за настанот СЕП ја истакнува важноста на НПАА како клучен стратешки документ кој ги дефинира краткорочните и среднорочните приоритети на Владата од ЕУ реформската агенда и нивната намера да се обезбеди што е можно поширок и посеопфатен консултативен процес. Документ кој е доставен на разгледување до граѓанските организации сѐ уште е во работна верзија и по дискусијата со засегнатите страни ќе биде формално усвоен од Владата. Граѓанските организации се повикуваат да го најават интерес да се вклучите во дискусиите со конкретни коментари пред започнувањето на настанот. Предлози и коментари по однос на НПАА може да се достават и во писмена форма пред одржување на настанот, но и по завршувањето на дебатата. Пријавата за дискусија, како и доставувањето на писмени предлози/коментари може да се направите на следната е-адреси: kaltrina.doko@sep.gov.mk; cabinet@sep.gov.mk.

Материјалите се во прилог и може да се симант и преку wetranfser на следниот линк: https://bit.ly/3vp5CXP

Линк за приклучување на настанот: https://bit.ly/3eDeQc3