Во рамките на проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите” на 09 ноември во 14:00 часот (понеделник) ќе се одржи консултативна средба  на граѓанските организации со претставници на Министерството за правда. На онлајн средбата ќе бидат разгледувани стратешките одговори за ИПА III, прозорец I -владеење на правото и демократија, со тематски приоритети: судство, борба против корупцијата и фундаментални права.

Се очекува на состанокот Фросина Тасевска, в.д. Државната секретарка на Министерството за правда на Република Северна Македонија да ги информира претставниците на граѓанските организации за тековниот процес на програмирањето на ИПА III, фазата во која се наоѓаат предложените документи за областите судство, борба против корупцијата и фундаментални права, како и за следните чекори кои може да се очекуваат во процесот. Консултативната средба ќе им овозможи на граѓанските организации активно учество во утврдувањето на предвидените индикатори и планираните интервенции.