Инструментот за претпристапна помош ИПА 2 е наменет за структурни реформи и приближување до стандардите на Европската Унија. Во Република Северна Македонија ИПА го спроведува Европската Комисија според финасиската регулатива преку директно управување од страна оддели во Европската комисија, Делегација на ЕУ или извршните агенции, и индиректно управување преку одредени буџетски програми или акции кои Европската комисија и ги доверува на Република Северна Македонија.  За овие информации како и за органите во ИПА стркутрата и други релеватни прашања погледнето го видеото изготвено во рамките на проектот “Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите”. Целта на видеотот да ја подобри информираноста на граѓанските организации за инструментот за претпристапна помош – ИПА.

Повеќе информации погледнете на нашата веб страна – dijalogkoneu.mk, изберете ја опцијата годишни извештаи од менито – едукација. За ИПА структурата прочитајте повеќе во делот 2, инструмент за претпристапна помош ИПА-2 од годишниот извештај во сенка од следењето на работата и ефектите на секторските работни групи.