Секретаријатот за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија (Секретаријатот за преговори) дава административно–стручна и оперативно-техничка поддршка на Комитетот, Државната делегација и Преговарачката група при вршење на работите во врска со преговорите за пристапување.
Секретаријатот за преговори го сочинуваат (1) Секретаријатот за европски прашања, (2) Канцеларијата на главниот технички преговарач и (3) Директоратот за Европска Унија при Министерството за надворешни работи,
Секретар за преговори го координира Секретаријатот за преговори. Секретарот и неговиот заменикот ги назначува главниот политички преговарач, во координација со главниот технички преговарач, од редовите на административните државни службеници од Секретаријатот за европски прашања.
Секретаријатот за преговори врши:
- Поддршка на работата на Државната делегација, Преговарачката група и работните групи;
- Прибирање на материјали и придонеси од вклучените тела и институции во изработката на извештаи за текот на пристапните преговори;
- Поддршка на работните групи во подготовката на мислења, ставови и анализи поврзани со пристапните преговори, како и подготовка на мислења, ставови и анализи во поддршка на работата на главниот политички преговарач, главниот технички преговарач, Државната делегација и Преговарачката групата;
- Техничка поддршка на активностите на работните групи во одделни поглавја;
- Техничка поддршка на состаноците на Државната делегација и Преговарачката група;
- Ажурирање и чување на сите релевантни документи и бази на податоци поврзани со пристапните преговори;
- Секретаријатот за преговори, по потреба врши и други работи и работни задачи кои ќе му ги доверат главниот политички преговарач, како и главниот технички преговарач во рамките на своите надлежности.
Секретаријатот за преговори | |
Целосно име: | Секретаријат за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија |
Секретаријатот го сочинуваат: | (1) Секретаријатот за европски прашања:
(2) Канцеларијата на главниот технички преговарач; и (3) Директоратот за Европска Унија при Министерството за надворешни работи. |
Координација | 1. Секретар за преговори
2. Заменик |
Табела бр. 6: Состав на Секретаријатот за преговори