Кои точки од интерес за граѓанското општество би предложиле да бидат дискутирани на седниците на Советот за соработка со и невладиниот сектор?
x
Ве молиме внесете име:
*
Ве молиме внесете е-адреса:
*
Според вас, кои се приоритетите за унапредување на невладиниот сектор во државата?

*
Ве молиме наведете предлог тема за дискусија на форумот
x
Ве молиме внесете име:
*
Ве молиме внесете е-адреса:
*
Ве молиме наведете наслов/политика што сакате да биде отворена на форумот
*
Ве молиме пополнете ги сите полиња означени со *
Контакт форма
x
Ве молиме одберете член:
*
Податоци за избраниот член:
Институција:
Е-пошта:


Пратете порака до избраниот член, ве молиме пополнете ги сите полиња означени со *
Ве молиме внесете име:
*
Ве молиме внесете е-адреса:
*
Ве молиме наведете наслов:
*
Ве молиме наведете порака:
*
Контакт форма
x
Ве молиме одберете член:
*
Податоци за избраната организација:
Примарна област на делување:
Секундарна област на делување:
Е-пошта:


Пратете порака до избраната организација, ве молиме пополнете ги сите полиња означени со *
Ве молиме внесете име:
*
Ве молиме внесете е-адреса:
*
Ве молиме наведете наслов:
*
Ве молиме наведете порака:
*

4. Преговарачката група преговарачка структура / 4. Преговарачката група

Групата за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија (Преговарачката група) е експертско-техничко тело на Владата.

Главниот технички преговарач раководи со преговарачката група.

Преговарачката група ги води преговорите за пристапување во Европската Унија за сите поглавја и во сите фази на преговорите на техничко ниво, а го следи и спроведувањето на преземените обврски од преговорите и се грижи за севкупната динамика на усвојувањето на законите во контекст на пристапувањето.

Членовите на Преговарачката група ја следат работата на работните групи за подготовка на Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија и подготовка на преговарачките позиции за преговори за членство во Европската Унија (работните групи), а врз основа на добиените усогласени материјали преку Секретаријатот за европски прашања, ги утврдуваат преговарачките позиции и ги доставуваат до главниот политички преговарач, кој ги предлага за усвојување на Комитетот, а потоа на Владата.

Главниот технички преговарач и Преговарачката група ги вршат работите во согласност со Преговарачката рамка и преговарачките позиции донесени од страна на Владата и насоките на главниот политички преговарач.

Преговарачката група подготвува и доставува до Владата:

  • Извештаи за статусот на преговорите по секој одржан состанок на меѓувладината конференција на техничко ниво, како и
  • Извештаи на барање на Главниот политички преговарач и на барање на Владата.
  • Разгледување и усвојување извештај или информација за одредено конкретно прашање или аспект на преговорите.
  • Сумарен полугодишен извештај во јули, а годишен извештај за својата работа и за текот на преговорите, најдоцна до истекот на првиот квартал во годината што следува.

 

Административно – стручна и оперативно-техничка поддршка на Преговарачката група обезбедуваат Секретаријатот за европски прашања, Канцеларијата на главниот технички преговарач и Министерството за надворешни работи.

Членовите на Преговарачката група ги назначува Владата на заеднички предлог на главниот политички преговарач и главниот технички преговарач. При формирањето на Преговарачката група се почитува начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците.

Главниот технички преговарач го назначува Владата. Замениците на главниот технички преговарач се назначуваат:

  • еден претставник по предлог на главниот политички преговарач;
  • еден претставник по предлог на министерот за надворешни работи
  • два претставници по предлог на главниот технички преговарач.

Секретарот за преговори го назначува главниот политички преговарач, во координација со главниот технички преговарач.

 

Преговарачката група
Целосно име: Група за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија (Преговарачката група)
Членови: –          Главниот технички преговарач;

–          Заменици на главниот технички преговарач (4 членови);

–          Членови задолжени за одредени поглавја од преговорите – преговарачи;

–          Шефот на Мисијата на Република Северна Македонија при Европската Унија и претставник на Канцеларијата на главниот технички преговарач при Европската Унија во Брисел;

–          Секретарот за преговори

Останати членови: По потреба, во работата на Државната делегација учествуваат и други членови на Владата, членови на Групата за преговори кои го координираат даденото поглавје, раководителите на работните групи за подготовка на НПАА и подготовка на преговарачките позиции за преговори за членство во Европската Унија како и други релевантни чинители, за што одлучува шефот на Државната делегација и главен политички преговарач, во консултација со главниот технички преговарач.
Забелешка: Во работата на Преговарачката група може да учествува и главниот политички преговарач

Табела бр. 4: Состав на Преговарачката група

 

За својата работа членовите на Преговарачката група одговараат пред главниот политички преговарач и главниот технички преговарач.

За својата работа Преговарачката група одговара пред Комитетот и пред Владата.