Кои точки од интерес за граѓанското општество би предложиле да бидат дискутирани на седниците на Советот за соработка со и невладиниот сектор?
x
Ве молиме внесете име:
*
Ве молиме внесете е-адреса:
*
Според вас, кои се приоритетите за унапредување на невладиниот сектор во државата?

*
Ве молиме наведете предлог тема за дискусија на форумот
x
Ве молиме внесете име:
*
Ве молиме внесете е-адреса:
*
Ве молиме наведете наслов/политика што сакате да биде отворена на форумот
*
Ве молиме пополнете ги сите полиња означени со *
Контакт форма
x
Ве молиме одберете член:
*
Податоци за избраниот член:
Институција:
Е-пошта:


Пратете порака до избраниот член, ве молиме пополнете ги сите полиња означени со *
Ве молиме внесете име:
*
Ве молиме внесете е-адреса:
*
Ве молиме наведете наслов:
*
Ве молиме наведете порака:
*
Контакт форма
x
Ве молиме одберете член:
*
Податоци за избраната организација:
Примарна област на делување:
Секундарна област на делување:
Е-пошта:


Пратете порака до избраната организација, ве молиме пополнете ги сите полиња означени со *
Ве молиме внесете име:
*
Ве молиме внесете е-адреса:
*
Ве молиме наведете наслов:
*
Ве молиме наведете порака:
*

3. Државната делегација преговарачка структура / 3. Државната делегација

Државната делегација за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија (Државната делегација) ги презентира официјалните преговарачки позиции и во тие рамки ги води преговорите за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија со институциите на Европската Унија и државите-членки и обезбедува нивен непречен тек во сите области кои се предмет на преговорите.

Државната делегација ги води преговорите во согласност со ставовите и преговарачките позиции донесени од страна на Владата, а за секоја одржана Меѓувладина конференција со Европската Унија поднесува детален извештај до Владата најдоцна 15 дена по завршувањето на конференцијата.

Шеф на Државната делегација, е ЗПВРСМ задолжен за европски прашања и воедно главен политички преговарач – кој ја предводи делегацијата, ги следи и насочува пристапните преговори во сите области кои се предмет на преговорите и ја претставува Република Северна Македонија на Меѓу- владината конференција со Европската Унија.

Заменик шеф на Државната делегација – е Министерот за надворешни работи, во однос на оваа функција како и во однос на должностите на главен политички преговарач.;

Главниот технички преговарач; Шефот на Мисијата на Република Северна Македонија при Европската Унија во Брисел и Секретарот за преговори.

Државната делегација во потесен состав ги има овие пет учесници, а постои можност, во нејзината работата, по потреба да учествуваат и други членови на Владата кои координираат одредено поглавје, раководителите на работните групи за подготовка на НПАА, преговарачките позиции, како и други релевантни чинители.

Државната делегација за својата работа одговара пред Комитетот и пред Владата.

Административно – стручна и оперативно-техничка поддршка на Државната делегација обезбедува Секретаријатот за европски прашања во соработка со Канцеларијата на главниот технички преговарач и Министерството за надворешни работи.

Материјалите за Меѓувладината конференција со Европската Унија ги подготвува Секретаријатот за европски прашања во соработка со Канцеларијата на главниот технички преговарач и Министерството за надворешни работи.

 

Државната делегација
Целосно име: Работен комитет за европска интеграција
Шеф на Државната делегација: 1.       Главен политички преговарач;
Заменик : 2.       Министерот за надворешни работи;
Членови: 3.       Главниот технички преговарач;

4.       Шефот на Мисијата на Република Северна Македонија при Европската Унија во Брисел;

5.       Секретарот за преговори;

Останати членови: По потреба, во работата на Државната делегација учествуваат и други членови на Владата, членови на Групата за преговори кои го координираат даденото поглавје, раководителите на работните групи за подготовка на НПАА и подготовка на преговарачките позиции за преговори за членство во Европската Унија како и други релевантни чинители, за што одлучува шефот на Државната делегација и главен политички преговарач, во консултација со главниот технички преговарач.

Табела бр. 3: Состав на Државната делегација