Слободата на давање услуги овозможува функционирање на внатрешниот пазар на ЕУ и го покрива правото на основање, т.е. да започнете и вршите деловна дејност во било која држава-членка.
Секоја држава-членка мора да обезбедува правото на основање и слободата за обезбедување прекугранични услуги за физичките и правните лица од ЕУ, да не бидат нарушени со националното законодавство.
Законодавството од поглавјето 3 ги хармонизира правилата за регулираните професии при обезбедување взаемно признавање на квалификациите и дипломите помеѓу држави-членки. За одредени регулирани професии мора да се следи заедничка програма за потребниот минимум за обука, со цел автоматски да се добие квалификација во држава-членка на ЕУ. Во однос на поштенските услуги, законодавството на ЕУ исто така има за цел да го отвори секторот за поштенски услуги за конкуренција постепено и контролирано, во рамките на регулаторната рамка која обезбедува универзална услуга.