Законодавството за конкуренција опфаќа политика против трустови (вклучувајќи и спојувања), политика за контрола на државната помош и либерализација.
Поглавјето 8 вклучува правила и процедури за борба против антиконкурентското однесување од страна на компаниите (рестриктивни договори помеѓу претпријатија и злоупотреба на доминантната позиција), преиспитување на спојувањата меѓу претпријатија и спречување владите да даваат државна помош која што ја нарушува конкуренцијата на внатрешниот пазар.
Општо, правилата за конкуренција се директно применливи во целата Унија, а од државите-членки се очекува целосно да соработуваат со Комисијата при спроведувањето на истите.