Принципот на слободно движење на стоки подразбира дека производите може да се тргуваат слободно од еден дел на Унијата кон секој друг. Во голем број сектори, овој генерален принцип е надополнет со усогласена регулаторна рамка, следејќи го „стариот пристап“ (наметнување прецизни спецификации на производи) или „новиот пристап“ (наметнување на општи барања за производи).
Усогласената европска легислатива за производи, која треба да се транспонира, претставува најголем дел од законодавството од ова поглавје. Покрај тоа, соодветниот административен капацитет е од суштинско значење за спроведување на ограничувањата во трговијата, како примената на хоризонтални и процедурални мерки во области како што се стандардизација, проценка на сообразност, акредитација, метрологија и надзор на пазарот.