Областите образование, обука, млади и култура се главно во надлежност на државите-членки. Рамковната соработка за политиките за образование и обука има за цел да ги насочи националните политики кон постигнување на заеднички цели преку отворен метод на координација.
Во однос на културната разновидност, државите-членки треба да ги почитуваат принципите наведени во член 151 од Договорот на ЕК и да обезбедат нивните меѓународни обврски да овозможуваат зачувување и унапредување на културната разновидност.
Од државите-членки се очекува да поседуваат соодветна законска, административна и финансиска рамка, како и неопходен капацитет за спроведување и ефективно финансиско управување на програмите за образование, обука и млади (Еразмус+).