Поглавјето 11 опфаќа голем број обврзувачки правила, кои во најголем дел се директно применливи. Правилната примена на овие правила и нивното ефективно спроведување и контрола од страна на ефикасна јавна администрација се неопходни за функционирање на заедничката земјоделска политика (ЗЗП).
Водењето на ЗЗП бара воспоставување на системи за управување и квалитет, кој се состои од Платежна агенција и Интегриран систем за администрација и контрола (ИСАК), како и капацитет за спроведување на мерки за рурален развој. Државите-членки мора да поседуваат капацитети за примена на законодавството на ЕУ преку шеми за директна поддршка на фармите и спроведување на заедничка организација на пазарите за разни земјоделски производи.