Поглавјето 28 се однесува на заштита на потрошувачите и ја опфаќа безбедноста на стоките за широка потрошувачка, како и заштитата на економските интереси на потрошувачите во голем број на специфични сектори. Со ова поглавје од државите-членки се очекува да го транспонираат соодветното ЕУ законодавство во националното. Исто, од нив се очекува да воспостават независни административни структури кои поседуваат овластувања за ефикасно надгледување на пазарот и спроведување на законодавството.
Исто, со поглавјето 28 потребно е да се обезбедат: соодветни судски и вонсудски механизми за решавање спорови, информации и едукација за потрошувачите и улогата на организациите за заштита на потрошувачите. Дополнително, ова поглавје опфаќа и специфични обврзувачки правила во областа на јавното здравство.