Кои точки од интерес за граѓанското општество би предложиле да бидат дискутирани на седниците на Советот за соработка со и невладиниот сектор?
x
Ве молиме внесете име:
*
Ве молиме внесете е-адреса:
*
Според вас, кои се приоритетите за унапредување на невладиниот сектор во државата?

*
Ве молиме наведете предлог тема за дискусија на форумот
x
Ве молиме внесете име:
*
Ве молиме внесете е-адреса:
*
Ве молиме наведете наслов/политика што сакате да биде отворена на форумот
*
Ве молиме пополнете ги сите полиња означени со *
Контакт форма
x
Ве молиме одберете член:
*
Податоци за избраниот член:
Институција:
Е-пошта:


Пратете порака до избраниот член, ве молиме пополнете ги сите полиња означени со *
Ве молиме внесете име:
*
Ве молиме внесете е-адреса:
*
Ве молиме наведете наслов:
*
Ве молиме наведете порака:
*
Контакт форма
x
Ве молиме одберете член:
*
Податоци за избраната организација:
Примарна област на делување:
Секундарна област на делување:
Е-пошта:


Пратете порака до избраната организација, ве молиме пополнете ги сите полиња означени со *
Ве молиме внесете име:
*
Ве молиме внесете е-адреса:
*
Ве молиме наведете наслов:
*
Ве молиме наведете порака:
*

Ова е секторска работна група со надлежности во три потсектори:

(1) Антикорупција, со областите:

  • Транспарентност и механизми за отчетност во јавниот и приватниот сектор, како и во политичките партии;
  • Зајакнување на контролите во рамките на правосудството и агенциите за спроведување на законот;
  • Подобрена соработката помеѓу различните тела вклучени во борбата против и спречувањето на корупцијата;
  • Вклучување на граѓанското општество и граѓаните во спроведувањето на антикорупциската политика,
  • Подобрување на капацитетите за креирање политики, мониторинг и евалуација на релевантните државни и недржавни институции.

(2) Судство, со областите:

  • Реформи за обезбедување на независноста, квалитетот и ефикасноста на судството и нивно соодветно спроведување;
  • Назначувања и унапредувања кои се засновани на заслуги;
  • Судски реформи за независност на судиите и судскиот совет, советот на јавни обвинители, а кои обезбедуваат заштита на судиите и обвинителите од секој непотребен внатрешен и надворешен притисок;
  • Подобрување на конзистентноста на пресудите и судската практика;
  • Функционална административна правда, подобрена транспарентност и пристап до правда на граѓаните.

(3) Човекови права и слободи, со областите:

  • Независност, ефикасност, професионалност и ефективност на институциите задолжени за заштита на основните права и слободи;
  • Заштита од дискриминација, гарантирање на слободата на изразување и заштита на процедуралните права на притворените и обвинетите лица;
  • Заштита на обесправените групи, вклучувајќи ги и лицата со посебни потреби, жените, децата, ромите, лгбти лицата и другите малцинства, како и ;
  • Зајакнување на услугите за ранливите групи во заедницата, особено во однос на социјалната инклузија, здравјето и економската благосостојба.

Секторската работна група е формирана во 2017 година.

Одговорни институции:

  • Министерство за правда.
  • Секретаријат за европски прашања.

Покрај државните чинители и донаторските претставници, граѓанските организации учествуваат во работата на оваа секторската работна група од 2018 година.

Правда е една од двете секторски работни групи од секторот Владеење на право и темелни права (линк за повеќе информации)

ДОКУМЕНТИ
Support to the Justice Sector
Sector Planning Document Justice 2014
Стратегија за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 со акциски план