Кои точки од интерес за граѓанското општество би предложиле да бидат дискутирани на седниците на Советот за соработка со и невладиниот сектор?
x
Ве молиме внесете име:
*
Ве молиме внесете е-адреса:
*
Според вас, кои се приоритетите за унапредување на невладиниот сектор во државата?

*
Ве молиме наведете предлог тема за дискусија на форумот
x
Ве молиме внесете име:
*
Ве молиме внесете е-адреса:
*
Ве молиме наведете наслов/политика што сакате да биде отворена на форумот
*
Ве молиме пополнете ги сите полиња означени со *
Контакт форма
x
Ве молиме одберете член:
*
Податоци за избраниот член:
Институција:
Е-пошта:


Пратете порака до избраниот член, ве молиме пополнете ги сите полиња означени со *
Ве молиме внесете име:
*
Ве молиме внесете е-адреса:
*
Ве молиме наведете наслов:
*
Ве молиме наведете порака:
*
Контакт форма
x
Ве молиме одберете член:
*
Податоци за избраната организација:
Примарна област на делување:
Секундарна област на делување:
Е-пошта:


Пратете порака до избраната организација, ве молиме пополнете ги сите полиња означени со *
Ве молиме внесете име:
*
Ве молиме внесете е-адреса:
*
Ве молиме наведете наслов:
*
Ве молиме наведете порака:
*

2. Работниот комитет преговарачка структура / 2. Работниот комитет

Работниот комитет за европска интеграција (Работниот комитет) е тело во рамките на Владата за координација на спроведувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација[i] и координација на активностите поврзани со преговорите за пристапување во Европската Унија.. Задачите на Работниот комитет се:

  • Да го следи спроведувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација;
  • Да го следи, координира и синхронизира работењето на работните групи за подготовка на Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија (НПАА) и подготовка на преговарачките позиции за преговори за членство во Европската унија;
  • Да го следи и координира работењето на сите поткомитети и специјалната работна група за реформа на јавната администрација, формирани во состав на Комитетот за стабилизација и асоцијација;
  • Да ги утврди потребите и да ги координира приоритетите во процесот на превод на европското законодавство, синхронизирано со динамиката на процесот на пристапните преговори;
  • Да ја следи реализацијата на вкупната финансиска соработка на Република Северна Македонија со Европската Унија и билатералната помош од земјите членки на Европската Унија;
  • Да ја следи и дава насоки на работата на мрежата на единиците за европска интеграција во рамки на министерствата во функција на поддршка на процесот на пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија и мрежата за спроведување на Инструментот за претпристапна помош и другите фондови на Европската Унија;
  • Да ги следи сите други прашања поврзани со процесот на пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија и нејзините земји членки.

 

Претседател на Работниот комитет е главниот политички преговарач, додека главниот технички преговарач е негов заменик. Ова тело е составено од државните секретари од сите министерства и оној на СЕП, Генералниот секретар на Влада, Секретарот на Секретаријатот за законодавство, Членовите на групата за преговори; Копретседавачите на поткомитетите за стабилизација и асоцијација и специјалната работна група за реформа на јавната администрација, како и секретарот на Советот за стабилизација и асоцијација.

Работниот комитет има секретар, по функција тоа е Државниот секретар на СЕП, како и двајца негови заменици кои ги определува претседателот на владата. Тие заедно со секретаријатот за преговори му помагаат на претседателот на Работниот комитет во подготвување на седниците, учествуваат во работата и се грижат за реализација на актите на Работниот комитет.

Работниот комитет во својот состав има триесет и три учесници, а постои можност, во работата на Работниот комитет, по проценка на претседателот или член на Работниот комитет, а зависно од дневниот ред, да учествуваат и други раководни лица на органите на државната управа, самостојните органи и управните организации, како и други лица.

Работниот комитет работи на редовни месечни седници, а по потреба и почесто. За работата од секоја седница на Работниот комитет, вклучително и за сите заклучоци и отворени прашања, претседателот на Работниот комитет редовно ја информира Владата.

Со денот на влегувањето во сила на новата Одлука за формирање на работен комитет за европска интеграција од август 2019 г., престанува да важи претходната Одлуката за формирање на работен комитет за европска интеграција при Владата на Република Македонија, од август 2008 г.[ii].

 

 Работниот комитет
Целосно име: Работен комитет за европска интеграција
Претседател: (1)     Главен политички преговарач;
Заменик : (2)     Главен технички преговарач;
Членови: (3)     Државните секретари од сите министерства (16 членови) [iii]

–          Секретар на работниот комитет (Државниот секретар на СЕП и претседавач на Комитетот за стабилизација и асоцијација);

–          Генералниот секретар на Владата;

–          Секретарот на Секретаријатот за законодавство;

–          Членовите на групата за преговори;

–          Копретседавачите на поткомитетите за стабилизација и асоцијација[iv] и специјалната работна група за реформа на јавната администрација (8 членови);

–          Секретарот на Советот за стабилизација и асоцијација.

  –          Заменик секретар на работниот комитет

–          Заменик секретар на работниот комитет

Останати членови: Во работата на Работниот комитет, по проценка на претседателот или член на Работниот комитет, а зависно од дневниот ред, може да учествуваат и други раководни лица на органите на државната управа, самостојните органи и управните организации, како и други лица.

Табела бр. 2: Состав на Работниот комитет

[i] http://www.sep.gov.mk/data/file/SSA/SSA(1).pdf

[ii] Службен весник на Република Македонија“ бр. 100/08

[iii] Министерство за внатрешни работи; Министерство за економија; Министерство за животна средина и просторно планирање; Министерство за здравство; Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство; Министерство за информатичко општество и администрација; Министерство за култура; Министерство за локална самоуправа; Министерство за надворешни работи; Министерство за образование и наука Министерство за одбрана; Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците; Министерство за правда; Министерство за транспорт и врски; Министерство за труд и социјална политика; Министерство за финансии; Секретаријат за европски прашања

[iv] Поткомитет за иновации, информатичко општество и социјална политика; Поткомитет за транспорт, животна средина, енергетика и регионален развој; Поткомитет за внатрешен пазар и конкуренција; Поткомитет за економски и финансиски прашања и статистика; Поткомитет за земјоделство и рибарство; Поткомитет за трговија, индустрија, царина, и; Поткомитет за правда, слобода и безбедност.