Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, на барање на Министерството за локална самоуправа на 20 јули 2020 година објави Јавен повик за учество на претставници на граѓанскиот сектор во Заедничките работни групи за програмите за прекугранична соработка во рамки на ИПА 3 (2021-2027).

Заедничките работни групи се тела составени од претставници на национални институции, министерства, регионални центри за развој, бизнис и граѓански сектор, со одговорност за носење на одлуки во процесот на програмирање на ИПА 3 програмите за прекугранична соработка 2021-2027:

-Програма за прекугранична соработка Република Северна Македонија-Република Албанија 2021-2027 во рамки на ИПА 3;

-Програма за прекугранична соработка Република Северна Македонија –Република Косово 2021-2027 во рамки на ИПА 3;

-Програма за прекугранична соработка Република Северна Македонија –Република Србија 2021-2027 во рамки на ИПА 3;

-ИНТЕРРЕГ ИПА 3 Програма за прекугранична соработка Република Северна Македонија –Република Бугарија 2021-2027  и

-ИНТЕРРЕГ ИПА 3 Програма за прекугранична соработка Република Северна Македонија –Република Грција 2021-2027.

Заедничките работни групи имаат обврска да обезбедат ефективност и квалитативно стратешко планирање и програмирање за имплементација на програмата за прекугранична соработка во иднина за периодот 2021-2027 година.

Кандидатите за претставници на граѓанскиот сектор (член и заменик член) во заедничките работни групи за програмите за прекугранична соработка во рамки на ИПА 3 (2021-2027) потребно е да бидат поддржани од организации кои се регистрирани согласно одредбите на Законот за здруженија и фондации најмалку три години пред објавувањето на јавниот повик, во статутот да имаат утврдено дејности и цели во областа на дејствување за која предлагаат кандида и организации чие работење и дејствувањето е насочено кон пошироката јавност и кон интересите на заедницата. Кандидатите за претставници на граѓанскиот сектор треба да ги исполнуваат следните услови: да поседуваат најмалку три години работно или волонтерско искуство во граѓанскиот сектор во областа за која се предлагаат како кандидати; да имаат експертиза по прашања од граѓанскиот сектор во областа за која се предлагаат како кандидати (број на спроведени проекти, објавени публикации, учество во работни групи,иницирање и учество во процеси зазастапување и сл.); активно да го познаваат англискиот јазик; да не се членови на органи на политички партии; да не се избрани или именувани лица и да не се вработени во орган на државната управа.

Рокот за поднесување на пријавите е 28 јули 2020 година, до 12:00 часот.

Јавен повик за учество на претставници на граѓанскиот сектор во Заедничките работни групи за програмите за прекугранична соработка во рамки на ИПА 3 (2021-2027)

Пријава за кандидат за претставник на граѓанскиот сектор во Заедничките работни групи за програмите за прекугранична соработка во рамки на ИПА 3 (2021-2027)