21 октомври, 2020 – во Скопје се одржа четвртиот состанок на секторскиот мониторинг комитет на ИПА за владеење на правото и темелни права. Претставници на државните институции и Европската унија вклучени во работата на овој комитет дискутираа за актуелните состојби со спроведувањето на ИПА помошта во секторот.

Клучни прашања кои беа разгледани се организирањето месечни состаноци за мониторинг, унапредувањето на оперативните структури на ИПА, воведувањето нови стратегии за интегрирано гранично управување и реформа на пробацијата. На состанокот дадени се и предлози за унапредување на повеќе конкретни проекти кои се во тек, како и предлози во однос на ревизијата.

Претставниците на граѓанските организации се заложија за поголема транспарентност преку обезбедување годишен календар со термини за одржување на состаноците, како и обезбедување придружни материјали пред одржувањето на состаноците на секторските работни групи.