Проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите“ на 12.03.2021 година ќе организира секторска консултација на тема „Ефектите од работата на СРГ за конкурентност и иновации и идните предизвици за подобрување на соработката помеѓу граѓанските организации и институциите“.

На настанот ќе биде претставен Извештајот во сенка од следењето на работата и ефектите на СРГ за конкурентност и иновации за периодот јануари 2019 – февруари 2020 година и ќе се дискутира за начините за унапредување на работата на оваа СРГ и за зголемување на соработката со граѓанските организации.

На секторската консултација што ќе се одржи  на веб платформата ZOOM со почеток во 10 часот ќе дискутираат заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економски ресори и инвестции, Фатмир Битиќи, програмски менаџер за истражување во Фондацијата Отворено Општество – Македонија, Горан Лазаров, програмска директорка на Центарот за граѓански комуникации, Сабина Факиќ, вишата советничка во Стопанската комора на Северна Македонија, Јадранка Аризанкова, како и претставници на Европската делегација во РСМ и на Секретаријатот за европски политики на Владата на РСМ.

Секторската консултацијата ќе можете да ја следите на следниот линк.