Денеска, 19 март 2021 година се одржа Шестиот дијалог со ЕУ за политиките во управувањето со јавните финансии, заедно со состанок на Секторската работна група за управување со јавните финансии.

Воведни обраќања имаа министерот за финансии, Фатмир Бесими и раководителот на Секторот за соработка во Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Никола Бертолини.

Членовите на Секторската работна група, инаку претставници на државните институции вклучени во спроведувањето на Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021, го претставија Извештајот за спроведувањето на Акцискиот план за спроведување на Програмата за периодот јануари-декември 2020 година, како и предвидените активности од Акцискиот план за 2021 година.

Инаку, ова е последна година на актуелната Програма за реформа на управувањето со јавните финансии и годинава, паралелно со спроведувањето на последните активности од актуелната програма ќе се пристапи кон изработка на нова програма. Инаку, Програмата е стратешки одговор на предизвиците во системот за управување со јавните финансии за да се подобрат ефикасноста и ефективноста на јавната потрошувачка.