Секретаријатот за европски прашања во соработка со Министерството за локална самоуправа ги започна подготвителните активности за програмскиот процес за Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија 2021-2027 година во рамки на Инструментот за пред – пристапна помош (ИПА3).

Една од активностите во програмскиот процес е изготвување анализа на слаби и силни страни (SWOT анализа) на пограничниот регион, како основа за понатамошно развивање на содржината на програмскиот документ. Анализата ќе се подготви во тесна консултација со сите заинтересирани чинители и врз основа на потребите и приоритетите, како и капацитетот на потенцијалните корисници во пограничниот регион (Полошки, Југозападен и Пелагониски регион).

За таа цел изготвен е прашалник преку кој ќе се обезбедат клучни информации за подготовката на анализата за предностите, слабостите, можностите и заканите кои во прекугранична перспектива влијаат на социо-економскиот развој на регионот.

На прашалникот може да пристапите со кликнување на „Donwload” опцијата подоле.

Можноста да се одговори на прашалникот е до 31.08.2020 година, електронски до Заедничкиот технички секретаријат на следната адреса: jts_mkal@yahoo.com.

За сите дополнителни информации може да се обратите до: jts_mkal@yahoo.com.